Кинеското Министерство за надворешни работи го повика денеска на итен разговор јапонскиот амбасадор во Пекинг, откако поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе изјави дека неговата земја, како и САД, не би можеле да се воздржат доколку Кина го нападне Тајван.
Кинескиот помошник министер за надворешни работи Хуа Чунјинг ги нарече погрешни зборовите на Абе, како и кршење на основните норми во односите меѓу Кина и Јапонија, за време на средбата со јапонската амбасадорка Хиде Таруми, се наведува во соопштението на кинеското МНР.
„Коментарите на Абе отворено го доведуваат во прашање суверенитетот на Кина и им дадоа поддршка на независните сили во Тајван, додаде Хуа.
– Кина одлучно се противи на ова, соопшти Министерството, додавајќи дека Хуа испратил протестна нота до Јапонија.
Говорејќи на виртуелниот форум организиран од Тајван во средата, Шинѕо Абе рече дека вооружената инвазија на островот ќе претставува голема опасност за Јапонија.