Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти Европската Комисија.
Од таму се вели дека 64-годишниот Јункер го скратил одморот во Австрија и бил итно пренесен во Луксембург каде ќе треба хируршки да му се отстрани жолчното ќесе.
Поранешниот премиер на Луксембург и претходно имаше проблеми со здравјето. На самитот на НАТО, минатата година, тој беше снимен како се мачи да одржи рамнотежа додека требаше да се направи групната фотографија. Но, потоа од ЕК соопштија дека тоа било поради болен напад на ишијалгија.
Јункер, чиј манадат на чело на ЕК завшува во октомври, треба да присуствува на Самитот на Г7 во Франција следниот викенд, но со оглед на итната медицинска процедура, голема е веројатноста да биде отсутен.