На албанскиот премиер Еди Рама околу два часот по полноќ му била извршена апендектомија, односно операција на слепото црево.
Според прес-службата на албанскиот премиер, неговата здравствена состојба е добра.
Операцијата ја извршил тим хирурзи и анестезиолози, под раководство на професор доктор Арбен Ѓата, началник на хирушкото одделение во Универзитетската болница „Мајка Тереза“.
Интервенцијата е успешна, здравствената состојба на Рама е добра.
– Синоќа по повеќекратни тестови во Универзитетската болница „Мајка Тереза“ на премиерот Рама му е констатирано акутно воспаление на слепото црево. По препорака на лекарот од ургентниот центар премиерот утринава во раните часови беше опериран од воспалено слепо црево, соопштија од владината прес-служба.