Душко Иванов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 се обрати до гостинот на емисијата, Јон Фрчкоски со што истакна дека опозициската СДС треба подобро да се организира внатрешно, со цел да биде релевантен коректив на власта.
„Сметам дека малку подобро да се организираат внатре затоа што на Република Македонија и е потребна појака опозиција и сметам дека и треба уште време за да можат да бидат релевантни коректив на власта“, рече Иванов и праша:

„Мене лично ме интересира дали вие сметате дека со вашиот избор на член на Извршниот одбор на СДС, се додава вредност и се враќа надежта на младите на иднината на оваа држава во политиката? Секој човек има свое делување, начин на работа, меѓутоа некаков скандал беше објавен по сите медиуми со некакви ваши дејствија на вашето работно место, дали е тоа инпутот и начинот да се додаде некаква вредност којашто треба да ја следат младите? Дали е тоа начин на делување којшто треба да го следат младите луѓе?“.
Иванов исто така праша дали членовите на Извршниот одбор на СДС ја поддржуваат одлуката на тогашната влада на СДС за закочување на процесот за изградба на клиничката болница во Штип.
„Факт е дека безрезервната поддршка ја има претседателот од вас како членови на Извршниот одбор, мислам дека и Андреј Жерновски е веќе член на Извршниот одбор, којшто на времето заедно со вашиот претседател и тогашен министер за здравство Венко Филипче, едни од најодговорните за недоизградбата на клиничка болница во Штип. Тоа е прашање коешто го засега целиот исток, прашањето е вашата безрезервна поддршка, дали со тоа покажувате дека поддршката всушност е поддршка за таков начин на работа и во иднина?“, праша Иванов.




