Владата не се распаѓа, но треба јасно да се определи нејзиниот карактер, дали е реформаторска или влада-параван, изјави пратеникот од партијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДП), Христо Иванов.
Неговата изјава уследи по денешната одлука за дневниот ред на Парламентот односно да се дебатира за процедурални правила за избор на директори на Ревизорската комора, на Бугарска народна банка и Националниот фонд за здравствено осигурување.
Сакаме почитување на преземените обврски и претходен договор за сите процедури за регулаторите пред да почнат, наведе и Иванов и ја ГЕРБ-СДС на доследност во постапувањето во однос на реформите во судството.
Претходно, копретседателот на ПП-ДБ Кирил Петков најави дека пратениците од пратеничката група нема да влезат во пленарната сала на денешната седница на законодавното тело.