Како најголемо општествено зло, корупцијата ја поткопува демократијата и човековите права, продирајќи во сите сфери, особено онаму каде што ќе наиде на личности со изразено чувство за личен интерес, алчни, суетни, со желба за моќ и влијание без интегритет и без етичност. Оттука главната заложба на ДКСК е градење на силни институции, преку јакнење на кличниот интегритет на службените лица, кои со своето зкаонито, независно, непристрасно, етичко одговорно и транспарентно вршење на работниет обврски, ќе се спротивстават на корупцијата, чувајќи го својот углед и на институцијата во која работата и придонесуваат.

Ова меѓу другото го нагласи Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната конференција „Избери го вистинскиот правец! Избери интегритет!“, со што се одбележа Меѓународниот ден посветен на борбата против корупцијата – 9 Декември.

– Овие наши заложби не го даваат очекуваниот резултат, пред се поради фактот што се уште се високи ризиците од корупција што ги детектиравме при подготовка на Националната стратегија во пред повеќе од две години. Тоа се силно политичко влијание, неказнивост, нетранспарентност и злоупотреба на дискреционите овластувања. Поради постоење на овие ризици не се целосно испочитувани препораките и укажувањата што ДКСК ги упатува кон останатите институции во системот, истакна претседателката на Антикорупција.

Според неа, се уште сме сведоци на партиски пазарења за високи раководни позиции, кои треба да се пополнат преку јавни огласи, фер конкуренција и мерит систем. Таа наведе дека сме сведоци на смена на директори поради политички реваншизам, вработувања според познати шеми на непотизам, клиентелиза и коронизам.

– ДКСК, повеќепати укажа дека овој начин на дејствување на политичките елити, го поткопува интегритетот на институциите и ја намалува довербата на граѓаните во нив, а извозот на образовен човечки капитал во странство е во постојан пораст, рече Ивановска.

Таа оцени дека за надминување на таквата состојба, потребно е да се воспостават политики, системи и мерки, за луѓето да зборуваат и да кажат не за корупцијата.

– Со години во нашето општество се практикува избор на раководна структура, на начин што остава простор за постоење висок ризик од политичко влијание и клиентилизам, рече меѓу другото Ивановска.

ДКСК, посочи Ивановска, укажувала дека многу често се злоупотребува и функцијата в.д. директор. Во период од неполни три години, информира таа, комисијата има поденсено 12 кривични пријави до Јавното обвинителство, а добиени се одговор за три.

Таа нагласи дека за ДКСК многу се индикативни и резултатите од поседните истражувања од НВО, кои покажуваат дека корупцијата е најголем проблем за граѓаните, за ралика од претходните години кога на првите три места беа егзистенцијалните прашања.

Според неа, свеста кај граѓаните расте, а очекувањата се да расте и нивната подсготвеност да пријават незаконитост, незаконито длеување и корупција.

Таа говореше за Националната стратегија за борба против корупцијата 2021-2025 година, која заедно со Акцискиот план, првпат ја донесе Собранието. Ивановска потсети дека за неполни три години ДКСК има донесено одлуки по вкупно 1.192 предмети, од нив 676 од областа на корупцијата, 281 за судир на интереси, 79 одлуки се за непочитување на зкаонски одредби за време на изборен процес, а 156 се однесуваат на проверка на имотот на функционерите. Покренати се и над 1.128 постапки по сопствена иницијатива, а истовремено има примено и разгледано 2.400 пријави од граѓани, организации и институции.