Бразилскиот претседателски кандидат Жаир Болсонаро веројатно нема да ја продолжи кампањата пред 7 октомври поради сериозноста на повредите од нападот со нож.
Синот на Болосонаро, Флавио изјави дека неговиот татко е во „сериозна здравствена состојба“ и дека има проблеми со говорот.
– Тој не може да излезе на улица, но ние можеме, изјави Флавио Болсонаро.
Жаир Болсонаро беше избоден во четвртокот за време на претседателска кампања.