ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА: Победник е ГЕРБ на Борисов со 23,5 отсто освоени гласови, втора е коалицијата на Петков и Василев со 19,5 отсто

/ 02.10.2022

Податоците на социолошката агенција „Галуп“ од паралелното пребројување на 100 отсто од гласовите покажуваат дека на предвремените парламентарни избори во Бугарија победи коалицијата на Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС со 23,5 отсто од гласовите.

Втора е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Васелив со 19,5 отсто, јавува дописникот на МИА од Софија. Движењето за права и слободи – 15,2%, националистичката партија “Преродба” ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори во Бугарија и доби 10,0 отсто, Бугарската социјалистичка партија – 8,9 проценти „Демократска Бугарија” на Христо Иванов – 7, 0 отсто, а партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ според овие пресметки влегува во 48. Народно собрание на Бугарија и добива 4,7 проценти.

П од прагот за влез во парламентот остануваат „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 3,8 отсто, „Исправи се Бугарија“ на поранешниот народен правобранител Маи Манолова со 1,1%, ВМРО – 0,8%, а оние кои гласале „Јас никого не поддржувам“ се 3,4 проценти.

Според агенцијата Галуп, излезноста на гласачите на парламентарните избори во Бугарија била 39,5 отсто.


Од истата категорија