Во Тунис денеска се одржуваат парламентарни избори, а главни фаворити се умерената исламистичка партија Енахда и популистичкото движење на медиумскиот магнат Набил Карои кој е во затвор.

Безбедносните мерки за време на гласањето се засилени, а ангажирани се околу 100.000 полицајци и војници, претежно на границите со Алжир и Либија.

Во фокусот на интересот на гласачите, кои избираат 217 пратеници, се економските проблеми на земјата.

Според најновите анкети, не е веројатно дека само една партија ќе освои мнозинство, иако се очекува движењето Енадха и движењето на Карои „Калб Тунес“ да постигнат добри резултати.

Карои, исто така, ќе учествува и во вториот круг од претседателските избори на 3 октомври, со ривал ќе му биде професорот по право Каис Саед.