Во Тунис денеска се одржуваат претседателски избори на кои нема убедлив фаворит, а главното прашање со кое се соочува земјата се економските проблеми, јавуваат британските медиуми.

Граѓаните на Тунис пред осум години со револуција ја симнаа автократската власт, која подоцна ги инспирира и граѓаните на Египет, Јемен, Бахреин, Либија и Сирија, потестуваат медиумите.

Вниманието на меѓународната јавност, посебно на арапските земји, е насочена кон умерената исламистичка партија Енахда. Граѓаните на Тунис со внимателност ја следат и судбината на медиумскиот могул Накиб Каруи, претседателски кандидат кој се наоѓа во затвор заради обвинение за перење пари и затајување данок, што тој го негира.

Меѓу 26-те кандидати за претседател се и актуелниот премиер Јусеф Чахед, како и двајца поранешни премиери и претседател. Доколку никој од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, ќе се оддржи и втор круг од гласање.