Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.

Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.

Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.

Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.

Macedonia needs national unity for EU integration instead of national unity for a moratorium, SDSM president Dimitar Kovachevski told an election campaign rally in Struga and urged voters to

Синоќа од Охрид и Струга, Ковачевски порача дека ЕУ е единствената шанса за напредок на државата.

– Нема застанување додека Македонија не ја направиме дел од Европа, нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија, нема откажување од иднината. Изборот е јасен – победничка европска Македонија, им порача Ковачевски на охриѓани.

Од Струга, пак, тој истакна дека на земјата ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, наместо национално единство за мораториум и оти тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да се донесе на овие избори.

Коментирајќи го говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во Охрид, во четвртокот, за македонско единство и за мораториуми, тој рече дека се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во, како што нагласи, главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ.

Северна Македонија ја позициониравме во членството во НАТО и тоа е најголем успех после независноста. Ги започнавме и преговорите за членството во ЕУ. Ние немаме потреба од нов Устав и нови д

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, синоќа пред жителите на Бутел истакна дека патот кон ЕУ е единствениот вистински исправен пат, кој нема да не врати назад во балканската неизвесност.

Во однос на понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да коалицира со Левица и ЗНАМ, според Пендаровски е демократски избор на секого, но понудата за коалицирање на Мицкоски уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

-Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?, праша Пендаровски.

Кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитриевски, синоќа од Велес порача дека нема да коалицираат, ниту ќе разговараат со некој за идна коалиција без претходно да бидат потпишани и дефинирани црвените линии за државата.

Тој исто така рече дека од сегашната опозиција, а довчерашна власт, даваат некакви понуди за национална стратегија, што, како што потсети, е идеја на ЗНАМ. Димитриевски  потенцира дека први ј

-Сакам да упатам една порака, бидејќи рековме дека со ова актуелно раководство на СДСМ, коешто многу се огреши и кон народот и кон Македонија, нема теоретска шанса да разговараме за идна коалиција. Но, сакам  да испратам порака и до оние кои беа власт претходно. Дека пред да седнат со нас на маса ќе треба да расчистат со основниот проблем кај нив и сето она што значи заостанати коруптивни дела од претходната  власт, бидејќи немаме намера да менуваме едни за други исти, рече Димитриевски.

Му порача на Мицкоски да внимава што, како и на кој начин ги презентира своите и да внимава какви понуди дава, бидејќи за членовите на ЗНАМ зборот има тежина.

Osmani: Kemi institucionalizuar dinjitetin e popullit tonë, por misioni ende nuk ka mbaruar

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи вчера од Сарај им вети на младите дека доколку биде избран за претседател ќе создаде држава во која без разлика на етничката припадност секој ќе има можност да ги оствари своите соништа.

Претходно на средба со стопанските комори најави дека ќе предложи создавање национален совет за економски раст, во кој би членувале претставници на политичките партии и економски чинители, а кој би функционирал како еден вид на државен управен борд со цел постигнување на државен консензус по однос на клучните параметри и регулативи за еден забрзан и одржлив развој.

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, на митингот од Крива Паланка, порача дека најважната битка што мора да почне на 24-тие бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот.

Таа истакна дека кога го критикуваат ДУИ не ги критикуваат Албанците. -Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот, рече Силјаноска-Давкова.

Истакнувајќи ја улогата на претседателот, Силјановска Давкова посочи дека пред  Пендаровски поминале многу закони на кои тој морал да им стави вето, но тој не го сторил тоа и дека е време граѓаните нему да му стават вето.

– Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното. Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате, истакна Силјановска Давкова.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Крива Паланка, повика за национално единство до опозицијата.

-Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде.  Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа, рече Мицкоски.

Според него, овие избори се последна шанса за спас, промените се можни и се на дофат.

Кандидатот за претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски оцени дека Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и продолжена рака на оваа коалиција.

– За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и избор на претседател во Собранието, онака како што бараат албанските партии во Република Македонија, рече Јакимовски.

Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевчо Јакимовски најави бесплатен превоз на граѓаните од населените места Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот „Партизански одреди“.

Претседателските избори ќе се одржат во среда, а за викендов се најавени и предизборни митинзи во Скопје поради што од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во централното градско подрачје ке биде воведен посебен сообраќаен режим.

Денеска во просториите на Државната изборна комисија треба да гласаат и членовите на избирачките одбори кои треба да заминат во странство поради гласањето на дијаспората која ќе гласа ден пред изборите кога ќе гласаат и болните и изнемоштени лица и затворениците.

Вчера претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски во интервју за националниот сервис рече дека ДИК е подготвена да спроведе фер, демократски и кредибилни избори и дека првичните неофицијални резултати се очекуваат до полноќ.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вели дека ДИК е подготвена да спроведе фер, демократски и кредибилни избори. Очекува изборите да поминат во најдобар ред и ДИК

Од денеска, како што најави, ќе почне и дистрибуцијата на доверливиот и недоверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии кки потоа треба материјалот да го достават до избирачките одбори. Училишатата во чии простории ќе се одржи гласањето во среда, ден претходно ќе работат во 11 часот по што ќе почне да се дистрибуира избирачкиот матерјал.

Досегашната кампања, според првиот човек на ДИК, е во рамки на правилата на игра и досега не се забележани посериозни инциденти и напади.

Фото: МИА архива