Претседателот на Изборната комисија на Венецуела, Елвис Аморосо синоќа соопшти дека на Врховниот суд му ги предал сите записници од претседателските избори, од кого претседателот Николас Мадуро побарал да ја официјализира неговата оспорена победа.
– Се што бараше највисокиот суд на државата е поднесено, рече Аморосо.
Опозицијата смета дека и Државната изборна комисија и Врховниот суд се лојални на властите.
Станува збор за записници од секое поединечно избирачко место, кои опозицијата и дел од меѓународната заедница ги бараат за да го докажат своето тврдење дека на изборите одржани на 28 јули победил кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес.