Со поддршка од Министерството за култура, во продукција на „Македонска реч“ излезе од печат вториот том од Избрани дела од Горјан Петревски.

Овојпат излегоа романите „Исти очи“, „Далечна љубов“ и „Пламени залези“, додека минатата година, во првиот том, беше објавена трилогијата „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот со Споменка“.

Дизајнот, кориците и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески.

Овој проект е прифатен во шест тома, по три романи во секој том и во секоја наредна календарска година, а меѓу тинејџерската публика владее голем интерес.