Руската телевизија објави видео од „Божиќна честитка“ до Европејците.

Ова на Твитер го сподели новинарот на Би-Би-Си Френсис Скар, кој ги следи руските државни медиуми.

„О, боже. Руската државна телевизија има божиќна порака за Европејците“, твитна Скар покрај видеото.

Видеото го прикажува Божиќ во едно семејство во три последовни години. Вака Раша Тудеј го прикажува Божиќ во семеен дом во Европа со многу светилки, светла кои светат на елката. Родителите на својата воодушевена ќерка и подаруваат хрчак за Божиќ. Потоа го прикажува Божиќ оваа година, во кој семејството е во полумрак, а таткото на семејството користи тркало од хрчак за да ги напојува божиќните светилки.

Најмрачната иднина на Европа, сепак, ја предвидува Раша Тудеј за Божиќ 2023 година, кога таткото и ќерката седат на празничната трпеза во капи и капути, а мајката ќе служи оброк кој, најблаго речено, не изгледа вкусно. Излегува дека го зготвила хрчакот.

Пропагандното парче завршува со пораката: „Среќен антируски Божиќ! Ако медиумите не ви кажуваат каде оди ова, Russia Today е достапна преку VPN“.