Изгласан селективниот Закон за амнестија

/ 18.12.2018

Собранието на Македонија вечерва го донесе Законот за амнестија. Пратениците го изгласаа Законот со 95 глса „За“, без против и воздржани.

Пред гласањето, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека пратениците на неговата партија се приклучуваат кон предлагачите на овој закон.

Предлог Законот за амнестија за случувањата на 27-ми април по скратена постапка беше единствена точка на седницата која беше закажана попладнево.

Предлогот го поднесоа група од над 20 пратеници откако беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законското решение.


Од истата категорија