Пред малку во Собранието на РМ изгласан е Законот со кој ДДВ за сметките за струја се намалува од 18 на 5 отсто, со што би требало да се анулира зголемувањето на цената на струјата во сметките. Ова значи дека сметките за струја за јули ќе бидат со пониската стапка на ДДВ:
Инаку, внимание привлече излагањето на Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, коалициониот партнер на СДСМ, која од собраниската говорница истакна дека струјата не треба да биде евтина, односно граѓаните треба да плаќаат поскапа електрична енергија.
-Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не треба да биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија, рече таа.