Вчераутро околу 8 часот и 45 минути било пријавено дека во Тетово на улицата „Вон Вардарска“ настанал пожар во угостителски објект сопственост на 34- годишниот Н.М. од Тетово.
Од МВР велат дека пожарот најверојатно настанал во шанкот, по што се проширил низ целиот локал и изгорел скоро целиот инвентар. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна едниница Тетово и повредени лица нема, стои во соопштението.
По пријава на сопственикот причинета е материјална штета од околу 20.000 евра.