Девојче на возраст од 13 години се удави денеска попладне во Скопје.

Според неофицијалните информации, трагедијата се случила околу 14.30 часот, на градилиште, во населбата Илинден, кога девојчето од засега непознати причини паднало во ископ за темели кој бил полн со вода.

Локалните жители го извадиле телото на малолетничката, но било предоцна. Лекарите од Итната медициснка помош констатирале смрт.

Трагедијата на девојчето кое е родено во 2005 година се случила на улица бр. 2 во месноста Бигла во населбата Илинден. Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите го извадиле телото на девојчето кое, најверојатно при игра, паднало во водата и се удавило.

Според изјави од жители на Илинден, 13-годишното девојче  влегло во ископот со вода за да го извлече братчето и друго дете кои паднале во дупката.

Жителите бараат одговорност од фирмата што го градела објектот зашто тврдат дека местото не било обезбедено.