Неосвесни возачи ја уништуваат тревата и инфраструктурата на сообраќајниците во Кавадарци. Поради тоа, градоначалникот Митко Јанчев упати апел за почитување на сообраќајните правила и да не се уништува инфраструктурата.

Јанчев преку Фејсбук ги замолува граѓаните да ги почитуваат собраќајните знаци и правила како и уредените површини и зеленилото.