Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас одговори на барањата на „таканаречениот министер“ Панос Каменос кој побара утринава договорот за името да се ратификува со 180 гласови во парламентот, или да се оди на референдум или, пак, на избори.

Во владиното сопштение се наведува дека по ратификацијата во македонскиот парламент грчката страна дала одобрување за почеток на преговори согласно протоколот за членство, но доколку во таа земја се спроведе успешен референдум и уставни реформи. Премиерот наведува дека тие реформи треба да завршат до крајот на годината.

Сепак, Ципрас не одговара конкретно на барањето на Каменос дека ратификацијата треба да биде со 180 гласа.

„Владата настојува прашањето кое четири години ја обременува двојната коалициска влада и колективно работи во рамки на Уставот и законите…да има најголемо можно мнозинство во парламентот“ за усвојување на договорот, изјави Ципрас.

За опозиционерот Киријакос Мицотакис, кој денес на еврокомесарот Пјер Московици отворено му рекол, дека „Владата на Сириза-АНЕЛ е во постојан пад“, Ципрас вели дека со постојано барање избори се става во улога како во приказната „овчарот постојано да вика волк, волк, а кога навистина ќе дојде волкот никој од селаните нема да му верува“.