Рестриктивните мерки и вонредната состојба ги дадоа посакуваните ефекти. Бројот на заразени е драстично намален и епидемијата веќе не се шири.

Оваа е изјава на министерот за здравство Венко Филипче, објавена во македонските медиуми на 14 мај 2020 година.

Тоа е периодот кога „се беше безбедно за изборите“ и додека се уште одекнуваше ехото од аплаузите од терасите.

Денешната слика, пак, како и вчерашната, некнежната… е дека Македонија се ближи дневно до 1.000 новозаразени со вирусот. А експертските прогнози, меѓу кои и на Филипче, беше дека Македонија ќе ја преболи пандемијата со вкупно 2.000 до 2.500 заразени.

(Д.Г.)