Нетфликс објави трејлер за филм за Михаел Шумахер, кој треба да се емитува на таа платформа од 15 -ти септември.

Филмот ќе се базира на неговата долга кариера, но и на неговиот приватен живот. Веќе во трејлерот можеме да видиме дека свој придонес во филмот ќе имаат и таткото на Шумахер, сопругата на Шумахер со децата, вклучувајќи го и Мик Шумахер, актуелниот возач на Формула 1 за Ф1 тимот Хаас, како и возачот на Астон Мартин на Светското првенство во Формула 1, Себастијан Фетел.