Според излезните анкети на локалните избори на две источногермански провинции, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) остана далеку од својата прва провинцијална изборна победа, додека демохристијаните и социјалдемократите со извесни загуби ги одбранија упориштата во Саксонија и Бранденбург.

Според анкетите на „Инфрарест Димап“, 32 отсто од гласачите го дале својот глас за демохристијаните (ЦДУ) во Саксонија. Следат АфД со 27,5 проценти, Левицата со 10,5 проценти, Зелените со 9 проценти, социјалдемократите со 8 проценти, додека либералите се на 4,8 отсто – веднаш зад цензусот.

Во Бранденбург, социјалдемократите победија со 27,5 проценти. По нив следуваат АфД со 22,5 отсто, демохристијаните со 15,5 отсто, левицата со 11, зелените со 10, додека конзервативните Слободни гласачи се на пет проценти.

Според медиумите, значително зголемената излезност во однос на изборите од рпед пет години укажува на тоа дека тесната трка изнесе многумина на гласање.
Во обете провинции, последниот пат гласаше само околу половина од гласачкото тело, а сега гласаат две третини, што се смета за добра излезност за покраинските избори.