Според излезните анкети на хрватските парламентарни избори, ХДЗ освоил 61 мандат, а коалицијата „Рестарт“ на СДП – 44 мандати, јави ХРТ.

Според излезните анкети,исто така освоија места во хрватскиот парламент и Домовински покрет кој има освоено 16 пратенички места, коалицијата „Можеме“ (8), Мост (8) и Партијата со име и презиме (3).

Излезната анкета е спроведена на 21.575 испитаници во сите десет изборни единици во Република Хрватска.Првите официјални, привремени резултати се очекуваат околу 9 часот.