Изложба со наслов „Другата страна на светот“ ќе биде отворена во понеделник, 19-ти октомври 2020 година во 14 часот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул, Турција.

Таневска ќе се претстави со 72 фотографии од различни градови и држави. Добитник е на неколку награди во Македонија и награда за мал формат во Полска.

Самостојни изложби во странство: Белград, Загреб, Марибор, Париз, Берлин, Дрезден, Софија, Њујорк и др. Има учествувано на повеќе од 290 групни изложби во земјава, меѓународни во  Полска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Италија, Грција, САД, Јапонија, Португалија, Франција, Кореа…, меѓународни симпозиуми, 40 хуманитарни изложби и сл.