Израелски воени авиони синоќа нападнаа 80 цели на Хамас во Појасот Газа откако 30 ракети беа истрелани врз јужниот дел на Израел.
– Израелските воени авиони покрај другите цели нападнаа и две големи објекта за производство на оружје, пет воени комплекси и зградата во која е седиштето на безбедносните сили во градот Газа, се наведува во соопштението на израелската армија.
Во соопштението се посочува и дека одбранбениот систем Железна купола пресретна десет ракети.
При ракетирањето на Израел две лица се полесно повредени кога се обиделе да стигнат до засолниште, а седуммина претрпеле шок.