Милитанти од Газа испалиле над 200 ракети кон Израел, изјавиле од израелската армија, предизвикувајќи напад од Израел кон Палестина.

Тројца Израелци биле ранети. Оганот од Израел убил четворица Палестинци, вклучувајќи и мајка со бебе, изјавиле официјални лица од Газа.

Немирите всушност започнале вчера, кога Палестинци повредиле двајца израелски војници, по што биле убиени четворица Палестинци, меѓу нив и двајца милитанти на Хамас.

200-те ракети погодиле неколку куќи во делови на Израел блиску до границата со Газа. Многу локални жители побрзале во скривалиштата.

Израелскиот систем за одбрана соборил повеќе ракети, соопштиле од израелската армија.

Како одговор, израелските сили возвратиле со воздушни и артилериски напади врз 30 цели во Газа кои му припаѓаат на Хамас како и цели кои му припаѓаат на Исламскиот џихад.

Загината жена во Палестина и нејзиното 14-месечно бебе биле погодени во еден од воздушните напади.

Од Исламскиот џихад изјавиле дека нивниот напад бил одговор на насилствата од петокот кога палестински стрелец пукал и ранил двајца израелски војници во близина на границата. Потоа од израелската страна биле убиени неколку Палестинци и така трганала спиралата на насилства која довела до лансирање на 200 ракети врз Изрел.