Израелската полиција синоќа се судри со стотици палестински демонстранти пред Стариот град во Ерусалим, растурајќи ја незадоволната толпа луѓе со шок-бомби и водени топови, пренесуваат израелските медиуми.
Полицијата соопшти дека извршила најмалку три апсења.Судири меѓу полицијата и палестинските демонстранти се случуваат секоја вечер откако минатата недела започна светиот муслимански месец Рамазан.
Овој потег, наводно, ги налути муслиманите кои сакаат да се среќаваат на плоштадот за да ги поминат рамазанските ноќи заедно откако го завршиле својот секојдневен пост од зори до мрак.Полицијата ги обвинува насобраните за нарушување на јавниот ред и мир и фрлање камења кон безбедносните сили.Израелската полиција соопшти и за судири со групи Арапи во Јафа, во јужното предградие на Тел Авив.
Според полицијата, мноштво луѓе фрлале камења врз полицијата, при што полесно биле повредени двајца полицајци.