Минатогодишниот добитник на наградата „Најдобар спортист на Македонија“ Стојанче Стоилов предвреме го напушти годинашниот избор организиран од Агенцијата за млади и спорт, во знак на протест поради двојазичноста на манифестацијата.

Првите две награди, за училишен и за средношколски спорт, заминаа кај училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански јазик. Тоа го изреволтира Стоилов, кој стана и замина од изборот на спортист, трескајќи ја вратата на заминување.

-Се чувствувам засрамено и понижено, им рекол Стоилов на репрезентативците, на нивната вибер-група.

Емил Павлов и Сара Ристовска беа главни лауреати на изборот на кој награди добија и Кире Лазаров и ракометните селекции на Македонија.