Сериозна владина корупција, значителна судска корупција, неефикасни судови, ендемична корупција меѓу затворскиот персонал и одложена правда, се само дел од работите кои се нотирани во новиот извештај за заштита на човекови права за 2022 година на Стејт Департментот, се наведува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално текстот од соопштението на опозициската партија:

Извештајот на Стејт Департментот констатира дека владата на СДС И ДУИ е криминогена.

Поради високиот степен на криминал и корупција во кои се вклучени директно владините челници, Македонија го доби најкритичниот извештај од Стејт Департментот.

Она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, сега добива потврда и од САД. Единствен новитет во овој Извештај за разлика од претходните е што ставот на Стејт Департментот од опоменувачки, стана осудувачки.

Очигледно е дека не само граѓаните, туку и САД смета дека владата на Ковачевски, Ахмети, СДС и ДУИ е најкорумпирана влада во историјата на Македонија.

Дополнително, Стејт Департментот рагира дека во државата недостига одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани врз новинари.

Извештајот на Стејт Департментот е само уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминалот на власта.

Шест години со СДС на власт, Македонија тоне на секое поле. Што побрзо замине Ковачевски и СДС толку подобро и за граѓаните и за државата.

Потребни се промени!