Во просториите на РФМ денеска беа извлечени полуфиналните двојки од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Двојки кај мажите:
Металург – Бутел Скопје
Вардар – Еурофарм Работник.

Кај ракометарките паровите се:
Куманово – Металург
Вардар – Стружанка.

„Фајнал фор“ турнирот во машка и женска конкуренција ќе се игра во Спортската сала „Куманово” во период од 9 до 11 мај.

Полуфиналните натпревари во машка конкуренција ќе се одиграат во петок (10 мај) и ќе започнат од 17 и 20 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 20 часот.

Полуфиналните натпревари во женска конкуренција ќе се одиграат во четврток (9 мај) и ќе започнат од 17 и 20 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 16 часот.