Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е задоволен што клубот сè уште ги привлекува играчите од највисоко ниво. Според него, во медиумите редовно се појавуваат вести за можни трансфери во Јунјатед.

Ми се допаѓа начинот на кој ја опишувате ситуацијата. Треба да потпишеме 250 фудбалери, бидејќи цело време пишувате за толку многу играчи кои ќе дојдат кај нас, изјави Солскјер.

Манчестер јунајтед по 36 кола е шести на табелата во шампионатот на Англија, со три бода заостанување од зоната која носи пласман во Лигата на шампионите.