Говорот на италијанската пратеничка Џорџија Мелони во Парламентот на Италија, во врска со Глобалниот договор за миграција на ОН, побуди интерес, не само кај италјанската јавност, туку и во други европски држави.
Таа, меѓу другото, рече: „Миграцискиот договор е она што им е потребно на оние, кои ги користеа илегалната имиграција во последните децении, за да го исполнат својот голем план за финансиска шпекулација преку лишување на нациите и народите од нивниот идентитет. Бидејќи без корени, ти си роб и кога си роб, служиш на интересите на Сорос. За жал, овие луѓе го прават токму тоа. Ние го прочитавме миграцискиот договор и сакаме Владата да изрази јасна позиција. Сакаме Владата јавно да каже „не”. Не е доволно да не отиде во Маракеш. Ние сакаме гласање во овој Парламент и сакаме сите оние, кои сакаат да ги заштитат нашиот идентитет и нашите граници, да гласаат против потпишувањето на миграциската договор од Италија. “
Инаку, Италија беше една од 12-те држави кои гласаа воздржано на Генералното собрание на ОН за Договорот за миграција. Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“. Против гласаа пет земји – САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска.