Со сигурност може да се каже дека вчерашниот вооружен инцидент во центарот на Виена, при што загина едно лице, а друго беше повредено, претставува пресметка на балканската мафија, соопшти денеска австриската полиција.

– Во оваа фаза од истрагата се укажува дека инцидентот е поврзан со организираниот криминал од Западниот Балкан, изјави неименуван претставник на полицијата.

Инцидентот се случи пред ресторанот „Фигелмулер“ во центарот на Виена, кога вооружен маж отворен оган врз три лица кои излегувале од објектот. При нападот беа ранети два лица на возраст од 23 и 32 години, од кои едниот подоцна в болница им подлегнал на здобиените повреди.

Полицијата се уште трага по напаѓачот, кој според очевицди, трчајќи избегал од местото на настанот. Тој бил на возраст од околу 30 години, висок околу 1,85 метри и бил облечен во темна блуза со качулка.

Полициски извори информираа дека истрага за случајот „се води и во странство“, без да посочат конкретна држава.

Српски Блиц извести дека во пукањето убиен е Владимир Рогановиќ, еден од членовите на озлогласениот кавачки клан, а ранет е уште еден член на тој клан, 22-годишниот Стефан Вилотијевиќ од Никшиќ.

Според изјавите на сведоците, пукањето се случило околу 13:30 часот во близина на локалот „Флигмулер“ и во него учествувале повеќе лица. Полицијата излегла на местото на настанот и увидот е во тек.

Новинари од австриски „Куриер“ на местото на пукањето сретнале литвански новинар кој снимил како еден од застреланите лежи на улица. Според информациите, напаѓачите зборувале на некој словенски јазик и викале „брат, брат“.

„Тоа беше босанска мафија, едниот беше Србин и нешто зборуваше. Другиот како да викаше ‘брат, брат’“, изјавил новинарот за „Куриер“.

Двајца вооружени мажи избегале од местото на настанот.

„Еден беше многу висок и силен човек, а двајцата беа облечени во темни бои“, изјавиле сведоците.

„Слушнав пукање и извици, се заклучав себеси во продавница и се сокрив, видов жртви, имаше многу крв и многу се исплашив“, изјавила сведокот Моника Дулак.