Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе има виртуелно обраќање на Самитот на НАТО, што ќе се одржи в четврток во Брисел, изјави неименуван извор на Алијансата.
– Ова ќе биде можност лидерите на сојузниците директно да слушнат од претседателот Зеленски за страшната ситуација со која се соочува народот во Украина, како резултат на руската агресија, истакна тој.
Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров потврди дека украинскиот претседател ќе учествува на Самитот на НАТО, додавајќи оти се уште се разработуваат деталите.