Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД забележале индиции дека Украинците започнале контранапад.

Тој истакна дека украинските сили во јужна Украина, во близина на градот Керсон, се обидуваат да ја вратат територијата.

– Тие се бранеа многу паметно, вешто и креативно на места за кои веруваат дека се вистинските места за одбрана. И сега видовме дека на југ, во близина на Керсон, тие се обидуваат да ја вратат територијата, наведе Кирби.