Валдемар Садовски од Полска ја даде на суд полската државна телевизија ТВП, бидејќи со својата пропаганда во корист на владејачката Право и правда, како што тврди, му го погазува достоинството и со лажни вести го загрозува неговото душевно и физичко здравје. Судењето без преседан почна во Варшава пред Окружниот суд кои не задоволија барање на ТВП тужбата да ја отфрлат како неоснована.
-Гледањето на Дневникот го загрозува моето психичко здравје. Авторите на Дневникот се однесуваат кон мене како кон објект со цел да ме доведат во заблуда за да ја поддржам на избори партијата Право и правда. Гледањето Дневник ми го покачува притисокот, одлободува негативна енергија, имам многу лошо чувство, објасни Садовски пред судот. Партијата е на власт од 2015 година. Со Членот 30 во полскиот Устав, се штити човековото достоинство, а Садовски смета дека ТВП го погазуваат.