Елка ЈАЧЕВА-УЛЧАР
И ова треба да го знае секој Македонец!
На сликата е првата страница од Кониковското евангелие (кое го добило името според името на с. Кониково во Егејска Македонија, денеска преименувано во ДитикО). Кониковското евангелие е најстарото (1852 год.) од сите досега познати евангелија од Егејска Македонија, покрај Трлиското, Кулакиското и Евангелието од Бобобшчица, пишувано со грчко писмо во две колони: левата е на грчки јазик, а десната е на македонски во кои се одразени јазичните карактеристики на потегот Солун – Воден. Ова евангелие започнува со првиот стих од првата глава на Евангелието по Јован. Транскрибирано на кирилица, звучи вака: „Ут перву беши речта, и речта беше сос Бога, и Бог беше речта“.
П.С. Покрај од егејските дијалекти, со Преспанскиот договор „македонските политичари“ се откажаа и од овие четири евангелија, мошне значајни за историјата на македонскиот јазик, за Македонците и за Македонија!