Намножените кучиња скитници се закана за безбедноста на граѓаните не само во Скопје, туку и во другите општини низ Македонија, а тоа го потврдува секојдневното регистрирање на граѓани кои пријавиле напад во полиција.

Во денешниот билтен на МВР се регистрирани два случаи, едниот во Струга, а другиот во Кичево.

Вчера во 12.30 часот, во полициското одделение во селото Велешта, Н.Д.(47) од струшкото село Октиси, пријавил дека неговиот малолетен син  во селото бил нападнат од куче скитник.

Во Полициската станица Кичево, вчера А.Б.(23) од кичевското с.Бачишта, пријавил дека во атарот на селото бил нападнат од куче скитник.