Ќерката на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Марија Јакимоска, преку Фејсбук се произнесе за актуелните случувања во Македонија, негирањето на јазикот и идентитетот на Македонците.
Во продолжение ја пренесуваме објавата на Јакимоска онака како што е објавена на Фејбук:
На 8 декември 1940г. за време на српската окупација на МАКЕДОНИЈА, Таткоми МЕТОДИЈА ЧЕНТО присуствувал на родителска средба во прилепската гимназија – бил старател на негов братучед од Плетвар.
На барајнето од директорот на гимназијата децата да зборуваат на својот мајчин српски јазик во училиште, а и дома татко ми се спротиставвил.
Господине директоре, вие не можите од нашите деца да барате да зборуваат на српски јазик, бидејќи ние сме МАКЕДОНЦИ и нашите деца зборуваат на МАКЕДОНСКИ мајчин јазик, и продолжил со дообјаснување, но притоа бил брутално нападнат претепан и затворен.
По кратка постапка бил осуден и интерниран во Бајна Башта во Србија. Таму го затекнала оупацијата на кралството СХС.
Откако извлекол жива глава, се вратил на 25.4.1941г. во окупирана МАКЕДОНИЈА од Бугарија. По неговото одбивање да биде кмет на Прилеп и активно да учествува во политичкиот живот, по некое време бил затворен па и два пати интерниран во Бугарија.
Заради својата јасно изразена МАКЕДОНСКА свест бил повеќе пати затворан и за време на српската окупација, како и за време на бугарската окупација. Во октомври 1943г. се приклучува на партизанското движење. За се’ што е врзано за неговиот животен пат е многу напишано, ова го пишувам дека тезата за постоењето на МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК е од 1944г., што е груба измислиица на негаторите на МАКЕДОНЦИТЕ.