Адвокатот Миланов на денешната расправа за случајот ТБТ потсети на помилувањето за обвинетиот Миле Јанакиевски и барањето од Стразбур нашите судови да одлучат по однос на истото.

– Постои помилување за Миле Јанакиески и за тие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат нашите судови, за да може да тие го испитуваат, а помилувањето не е спорно. Никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија за помилување на кое било лице од претседателот Иванов пред Уставен суд, за тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи, рече тој.

Адвокатот побара, како што рече, „целата оваа голгота на луѓето, посебно на Миле Јанакиевски, да ја прекинат, затоа што Јанакиевски во овој момент има четири години и десет месеци притвор или домашен притвор“.

Одбраната на денешната јавна седница во Апелација истакна дека во пресудата на Кривичен има повеќе повреди на кривичната постапка и истата е неиздржана.