На денешното рочиште во случајот „ТНТ“, обвинителот Бурим Рустеми побара процесот против поранешниот градоначалник Тони Трајковски да биде издвоен од останатите обвинети. Рустеми тоа го правдаше со тоа што Трајковски е во лоша здравствена состојба.

Сметам дека поради економичност на постапката постојат услови за раздвојување на постапката за обвинетиот Тони Трајковски-образложи Рустеми.

Обвинетиот Миле Јанакиески пак нагласи нема логика да се брза за да се донесе пресуда во предметот бидејќи предметот застарува за 11 години.

„Малку е чудно што на почеток на главно рочиште, кога обвинетиот е тука, обвинителството бара раздвојување на постапката. За мене нема логика ова, особено што предметот застарува во 2031 година. Не знам зошто на обвинителството му се брза за овој предмет“, рече Јанакиески.

Дека се брза со донесување на пресуда во овој случај се гледа  и од тоа што за следната недела закажани се рочишта секој ден.