Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, на својата Фејсбук страна објави фотографија од средбата помеѓу него и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Јанчев очигледно го подобрува ликот на Кавадарци, со оглед на тоа што на средбата станало збор за изградба на нова обиколница, изведба на фекална и атмосферска канализација и изведба на мрежа за водоснабдување. Кавадарци ќе добие и снабдување со гас, со тоа што се планира градот да се поврзе со крак од магистралниот гасовод.

Во Кавадарци во тек е реконструкција на „Западен Булевар’, а по финализирањето на тој проект најавена е реконструкција на „Северен Булевар“.

 

Градоначалникот на Кавадарци г-дин Митко Јанчев оствари средба со Министерот за транспорт и врски г-дин Горан Сугарески….

Gepostet von Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци am Freitag, 29. Juni 2018