Почитувани граѓани кои го бојкотиравте првиот круг на изборите, сметам дека треба да Ви се обратам Вас бидејќи Вие имате допринос што беше излезноста само 41 отсто и убеден сум дека од Вас зависи дали Силјановска ќе биде новиот претседател и дали ќе има предвремени парламентарни избори на есен кога конечно ќе ја испратиме оваа криминална банда во историјата или ќе одлучите да го бојкотирате и вториот круг за да можат Заев и неговата криминална банда да владеат уште најмалку 2 години каде што ќе се обидат да ја зацврстат власта со сите можни средства.
Знам дека бројката за бојкот е голема но доколку гласате за Силјановска таа ќе биде новиот претседател и оваа криминална власт ќе биде на колена и ќе мора да си оди.
Вашиот бојкот ќе го донесе Стево за претседател а со тоа и ќе се легитимира проектот “ Северна “.
Реалноста е дека во овај момент де јуре, формално правно нашата држава е Република Северна Македонија, колку и јас и вие а и 75% од граѓаните на државата не се согласуваме со тоа име, но тоа е реалноста во овој момент, а Вие што планирате да бојкотирате и втор круг, ако мислите дека со бојкот на овие избори ќе го промените името, се лажете.
Нас противници ни се Заев и неговата влада кои го сменија името на сила и со трговија на пратеници, а Вие ако бојкотирате и не го дадете гласот за Силјановска ќе имате уште еден противник пред Вас а тоа ќе биде Стево Пендаровски.
Од Вас зависи дали ќе го имаме за противник Заев и неговата влада и нивната погубна политика или ќе се бориме против Заев како премиер и Стево како претседател, кој патем овој двоец ќе добие апсолутна моќ од државните институции, по која тешко ќе биде да се срушат од власт.
Побрзо ќе го поразиме Заев доколку е сам, а Вие доколку бојкотирате бидете убедени дека Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател, а Заев ќе добие многу време за да ги консолидира своите редови во наредните 2 години.
СДС сега се во слободен пад после катастрофалниот резултат што го имаа на 21 април и поддршката за опозицијата (тука мислам на сите опозициони партии) ќе расте и тоа треба да се искористи во овие клучни моменти за пресврт на политичката ситуација во државата.
Нека не ве лажат дека Албанците ќе му ги дадат 100 отсто гласовите на Стево во втор круг бидејќи тоа е лага, и Албанците се свесни и сакаат да го срушат Заев и неговите партнери во власта, бидејќи и Албанците сакаат промени, промени на подобро од овие две минати години во ужас и лаги кои им ги сервира Заев, бидејќи ни СДС, ни останатите коалициони партнери во владата не ги исполнија ветувањата кои им ги даваа на нашите сограѓани Албанци.
Ако ги бојкотирате претседателските избори на 5 мај поради името Северна тоа значи дека сите наредни избори ќе ги бојкотирате, бидејќи Заев и Стево ќе бидат на власт, а тие нема да се заложат да го послушаат гласот на народот за името, тоа бидете убедени.
Кога требаше бојкот за референдумот и јас повикав на бојкот и тогаш народот успеа во својата зацртана цел, но сега Ве повикувам да размислите дека со бојкот на овие избори само ќе ги зацврстите Заев и Стево на власт, а доколку гласате за Силјановска тоа е крајот за нив и нивните политички кариери и ќе биде почеток на нова епопеја на борба за подобра иднина, за чест, достоинство, правда за Македонија и за сите нејзини граѓани.
За крај да резимираме:
– Гласот за Силјановска е глас за борба, за чест, достоинство и правда за Македонија и нејзините граѓани.
– Бојкот и глас за Стево е глас за легитимирање на Северна и останување на Заев на власт, и нивно продолжување на газење на честа, достоинството и правдата на Македонија и нејзините граѓани.
Изборот е Ваш, се надевам дека ќе ја видете оваа историска шанса да ги испратиме транзициските политичари во историјата и дека ќе гласате за бројот 2 односно за проф. Силјановска Давкова за да можеме да ја испратиме оваа криминална влада во историјата и на есен да дојде нова, чесна, достоинствена и праведна влада.
Влада составена и од десни и од леви партии кои и мислат добро на државата и на граѓаните, влада од чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати етнички заедници.
Републиката треба да ја издигнеме од калта во која ја закопа оваа криминална банда и ќе успееме во издигањето сите сплотени.
Промената започна на 21 април а на 5 мај треба да удриме печат на победата за подобра Република Македонија.
Да живее Република Македонија!