Откако тоа се случи во повеќе градови и општини низ Република Македонија сега се случи и на јарболот на врвот на Водно над Скопје – симнато е македонското знаме.

Тоа не може да го направи било кој, без одлука на властите. А во врска со тоа, професорот д-р Љубомир Цуцуловски иронично коментира на Фејсбук:

– Откако го симнаа/отстранија државното знаме од врвот на Водно (Крстовар) не можам да видам од каде дува ветрот. Можеби тоа е целта?- прашува Цуцуловски.