Ден пред да истече мандатот на претседателот во заминување Ѓорге Иванов, кој не ја искористи можноста да ги помилува осудентите за настаните од 27 април, се огласи Јане Ченто, кој порача да не му замеруваат Македонците на Иванов.
„Не му замерувајте на г-динот Иванов што не го искористи неговото право за да го запре лудилото во кое се наоѓаме долго време и ние и нашата држава Република Македонија. Не ги знаеме околностите што се одвиваат зад затворени врати, дали биле притисоци, уцени и слично, не може секој да се спротистави тоа е до карактерот. Но што е тука е. Борбата продолжува.
Ќе ја добиеме битката на судски пат, ќе се мачиме но не се предаваме ние бидејќи сме невини и правдата ќе стигне.
За да бидете вистински Претседател на државата треба да се грижите за сите од таа функција која ја имате, тоа го прават вистинските државници.
Историјата ќе суди за сите политичари па така и за г-динот Иванов дали бил добар или лош Претседател на Република Македонија.
Ми беше чест и задоволство што учевствував во кампањата и 2009 и 2014 година и застанав зад него за да биде Претседател на Република Македонија, дали било исправно или погрешно ќе суди историјата како и секогаш.
Јас само ќе му се заблагодарам на г-дин Иванов што постхумно му го додели највисокиот орден на државата на Методија Андонов Ченто на 22 октомври 2010 година и го одликува Ченто со „Орден на Република Македонија“ и ние како фамилија го примивме тој орден и горди сме на нашиот татко, дедо, прадедо Ченто и сме благодарни што како институција Претседател ни беше укажана таа чест и што редовно бевме поканети на сите државни манифестации кои ги организираше Претседателот.
Г-дине Иванов Ви посакувам се најдобро Вас и на Вашата фамилија“, напиша Јане Ченто на Феајсбук.