Новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски од ДИК доби уверение за претседател напишано на македонски и на албански јазик. Ѓорге Иванов до својот последен работен ден вчера не го потпиша указот за Законот за употреба на јазиците, но тој на голема врата доживеа промоција на денешното официјализирање на мандатот на неговиот наследник Пендаровски.

Во него пишува дека тој е избран за претседател на „Република Северна Македонија“, иако изборите беа распишани за претседател на Република Македонија.

Но, името на македонската држава под кое таа прогласи независност стои во печатот на ДИК, кој се уште е само на македонски.