Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија – изјави за ТВ21, Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО.
Таа рече дека одлуките и од саботата, но и денешната на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Најави дека е можно да поднесат тужба. Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на Јанева. Нејзината адвокатка вели дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот.