Бивштата специјална обвинителка Катица Јанева на денешниот исказ во судот за аферата „Рекет“ истакна дека имало преку 660.000 разговори и дека никој од Специјалното јавно обвинителство ги нема дадено во јавноста.
– Да знаете вие што јас како специјален јавен обвинител знам од тие 660 илјади фајлови, сигурно не би била тука на ова место. Приватните разговори никогаш не излегоа од јавноста од врабоените од СЈО. Тоа беше нивна должност, нивна службена должност, рече Јанева.
Претходно екс специјалната обвинителка истакна дека и натаму ги цени и почитува сите обвинители од СЈО и сите вработени.