ЈАНЕВСКА: Недозволиво е постапувањето во случајот со почината пациентка од струшко

/ 30.03.2020

Доктор Весна Јаневска беше гостин на денешниот Live Chat во организација на ВМРО-ДПМНЕ каде говореше за актуелната состојба во врска со корона вирусот. Разговорите  на Live Chat се водат на тема „Вашите проблеми, заеднички до решенија“, а гостите одговараат и на прашања поставени од граѓаните.

„Нашето општество се соочува со многу сериозен предизвик и лично сметам дека задоцнивме како држава со мерките кои требаше да бидат преземени, а требаше да се спроведуваат и поорганизирано. Прво, пациентката која почина во Струга, начинот на кој почина е нешто недозволиво, срам за целокупното општество. На страна што дежурните медицински лица не се снашле во ситуацијата и не постапиле каако што треба, тука има и системски пропусти. Второ, цел автобус полн со луѓе заклучени без можност да дојдат до вода, храна и да не можат да одат во тоалет. Ако се покаже дека во нашето општество стручњаците не знаат да реагираат, тогаш државата е должна да реагира. Министерот за здравство треба да даде наредба дека не смее медицинско лице да врати пациент. За оние кои не знаат како, зошто има и многу кои знаат, за нив треба да им напишат препораки. Потоа треба да се обучи по еден тим во секоја болница низ државата. Секоја болница мора да е подготвена, не може сите да стигнат до Скопје“, рече Јаневска.

Според неа мора да има казна за сите кои ги прекршуваат правилата.

„Ако не знаат како да постапуваат, тогаш треба да се плашат од казните“, посочи Јаневска.

Јаневска поосочи дека има разногласие по многу прашања меѓу кои дали има доволно респиратори, има ли доволно тестови за корона вирус, има ли доволно заштитна опрема за медицинските лица и слично.

„За медицинскиот персонал мора да има доволно опрема, и тоа мора јасно да го каже министерот. Тој треба да одговори дали има доволно заштитна опрема. Во делот на тоа дали има доволно респиратори, мора да знаеме колку допонително ни требаат и кога ќе ги имаме. Светската здравствена организација вели дека е потребно масовно тестирање. Ако тоа го порачува, тоа и треба да се направи. Ако нема доволно тестови треба да се набават“, рече Јаневска.

Според неа е клучно на соодветен начин да одговори јавното здравство во ваква ситуација.

„Добро е да помагаат приватните здравствени институции, но во ваква ситуација клучно е да може да одговори јавното здравство“, смета Јаневска.

Таа додаде дека во ваква ситуација мора да има и доволно и соодветен карантиснки простор.

„Државата треба да обезбеди доволно карантински простор, а на граѓаните кои се сместуваат таму мора да имаат основни услови. Притоа граѓаните воопшто не треба да се загрижени ако карантините се и во центар на градот како што е во Битола, каде локалното населеное реагираше. Ако карантинот е организиран по сите правила нема никаква опасност за граѓаните“, рече Јаневска.


Од истата категорија